(ВИДЕО) Руските сили го нападнаа Лавов каде има седум жртви, но и повредени
Руските сили го нападнаа и украинскиот град Лавов, каде загинаа седум луѓе. Има и осум повредени.
Ракетните напади ги потврди и градоначалникот Андреј Садовој.
Некои странски дописници јавуваат дека е погодена железничката станица.
„Црн чад од железничката станица 4 извести за ракетни напади на железничката станица во Лавов. Можат да се слушнат сирени за воздушни напади и на брзата помош во позадина“, наведе репортерот на американски Фокс Џејмс Левинсон.
Поминаа 53 дена од почетокот на војната во Украина. Русија на 24 февруари ја нападна Украина и војната уште трае. Русија бара воена неутралност на Украина, денацификација, но и припојување на Крим, Доњецк и Луганск.фото Принтскрин
Слично
