Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Руските комичари се јавиле кај Дуда претставувајќи се како Макрон, а тој кажал дека не сака војна со Русија

(ВИДЕО) Руските комичари се јавиле кај Дуда претставувајќи се како Макрон, а тој кажал дека не сака војна со Русија

Полска не сака војна. Руските комичари Вован и Лексус неодамна решиле да му се јават на полскиот претседател Анджеј Дуда. Го контактирале ноќта кога во село на полско-украинската граница паднаа две ракети и убија двајца луѓе. Едниот од комичарите се претставил како францускиот претседател Емануел Макрон. Дуда почнал да додава француски акцент во зборувањето, што може да се слушне на снимката од 7 ипол минути, пишува Ројтерс.

„Емануел, верувај ми, јас сум особено внимателен. Не сакам да имам војна со Русија и верувајте ми, јас сум екстра внимателен, екстра внимателен“, рекол Дуда.

Канцеларијата на Дуда истражува како повикувачите успеале да стигнат до него заедно со соодветните служби. 

„По ракетната експлозија во Пржевуд, за време на тековните разговори со шефовите на држави и влади, беше поврзано лице кое тврдеше дека е францускиот претседател Емануел Макрон. Претседателот Анджеј Дуда за време на повикот од невообичаениот начин на кој соговорникот го водел разговорот сфатил дека можеби имало обид за измама и го завршил разговорот“, велат од кабинетот на Дуда. 

Ова не е првпат руските комичари да му се јават  на Дуда. Во 2020 година, Вован и Лексус му се јавија преправајќи се дека на телефон е генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш. Истите измамија повеќе странски политичари. 

Тие неодамна разговарале со Маја Санду, претседателката на Молдавија која открила дека нејзината земја е спремна да даде пристаниште на користење на Украина, но потоа од кабинетот на претседателката рекоа дека снимката е фалсификат. 

фото Твитер

Слично

Поврзани вести