Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) РУСКИОТ ЅВЕР И ПОНАТАМУ ЈА ЧУВА БАЗАТА ВО СИРИЈА: Вака изгледа бродот наоружан со најголемиот ракетен систем!

(ВИДЕО) РУСКИОТ ЅВЕР И ПОНАТАМУ ЈА ЧУВА БАЗАТА ВО СИРИЈА: Вака изгледа бродот наоружан со најголемиот ракетен систем!

Позната е веста дека Русија го распореди својот ракетен систем С-400 на границата со Сирија за да ја заштити нивната база во провинцијата Латакија или да спречи евентуално соборување на авион како што неодамна беше сторено.

Овој систем се наоѓа на земјата на Сирија и главна нејзина задача е да ја штити базата од која руските авиони полетуваат.

Русија донесе одлука за поставување на С-400 во провинцијата Латакија непосредно по инциндентот кога Турција го собори рускиот авион „Су-24“ пред неколку недели.

Инаку, С-400 преставува најнова генерација на руски мобилен систем кој се користи за борба против авионите. Неговиот радар може да идентификува мета која се движи со брзина  од 17.000 километри на час. Системот истовремено следи до 36 цели, дометот на погодок му е 400 километри, а соборува цели на висина до 30 километри. Целиот систем е сместен на мобилни воени возила, а може да се постави и активира за само пет минути.

Исто така, покрај оваа морнарица, во Сирија се наоѓа и системот С-300 кој е осмислен поради заштита од авионски и крстачки ракети за потребата на против-ваздушна одбрана. Последователни варијанти се способни за пресретнување балистички проектили, т.с. се направени против балистичките ракети.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/BWc4C0z6jmU[/embed]
Слично

Поврзани вести