Видео: Рускиот робот ФЕДОР шири страв и трепет
Руското министерство за одбрана демонстрираше нови способности на хуманоидниот робот, наречен ФЕДОР, кој може да се користи во различни видови на ситуации и би бил активиран во наредните години.
Тој пука од двете раце, завртува сијалици, става клуч во брава, отвара врата, пали светло, вози автомобил, а би требало да одлета во вселената.
Заменик премиерот на Русија и министер за одбрана Димитриј Рогозин напишал на Твитер дека пукањето од двете раце му дозволува на роботот да ги постави своите приоритети во миг и да донесува одлуки.
Роботот би требало да биде единствен патник на новото вселенско летало „Федерација“ 2021 година, а го нарачало Министерството за вонредни ситуации на Русија.
Овој робот го развиваат Android technics и Фондот за напредни истражувања, по барање на министерството, а роботот ќе биде користен во рамки на проектот „Спасувач“.
