Економија, финансии, бизнис

Контакт

Видео: Рускиот пилот умрел како херој, убил двајца па се разнел со граната?

Видео: Рускиот пилот умрел како херој, убил двајца па се разнел со граната?

Смртта на рускиот пилот мајорот Роман Филипов во Сирија му предизвика потешкотии на политичкиот врв во Москва кои мора да образложат пред јавноста како дојде до инцидентот во период кога Путин веќе прогласи победа против терористите. Пилотот на воениот авион Су-25 е соборен во Идлиб, провинција која беше поделена меѓу џихадистите на ИСИС за кои Путин тврди дека се поразени и бунтовниците кои се бореа против власта на претседателот Башр ал Асад.

Сега се појави нов дел од видеото кое го прикажува соборениот авион Сухој, како и група на борци кои го опколуваат пилотот. Руските власти излегоа со фантастична приказна дека мајорот Филипов откако бил соборен се катапултирал, со неговиот пиштол убил двајца терористи, а кога видел дека е целосно опколен ја активирал гранатата и се разнел себеси да не падне во раце на непријателот. Исто така неговите последни зборови биле „Ова е за моите другари“. 

Навистина приказната звучи како од акционен филм, но сега русите тврдат дека се појавило ново видео на арапски на каналот Idlib+ за кое тврдат дека се слушаат токму тие зборови на рускиот пилот во моментот кога поголема група на борци го опколуваат вооружени со автоматски пушки.


Слично

Поврзани вести