(ВИДЕО) Руски воени бродови ja нападнаа Рака од Медитеранот
Руски воени бродови кои се наоѓаат во Средоземното Море, нанеле ракетни напади во градот Рака, што се смета за престолнина на „Исламска држава“, соопшти „Ле Монд“. Во ноќта на 17 ноември тие лансирале количина ракети во градот.
Тоа се случило веднаш откако авионите на француските воздухопловни сили го нападнале градот од воздухот и бомбардирале по цели поврзани со терористите. Ова е второ учество на руските воени бродови во битката во Сирија, откако на 7 октомври од бродовите во Каспиското Море, Русите лансираа 26 ракети „Калибар“ по 11 цели на терористите.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/IyjstVfIBnU[/embed]
Слично
