Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Руски водител се закани дека со еден проектил можат да ја потопат Британија засекогаш

(ВИДЕО) Руски водител се закани дека со еден проектил можат да ја потопат Британија засекогаш

Водителот Дмитриј Кисељов се закани дека со едно руско лансирање, Британија ќе ја нема.

Тој ја предупреди Велика Британија дека Кремљ има моќ да ја погоди и со еден проектил да ја потопи засекогаш. Кисељов објави дека рускиот претседател Владимир Путин ги ставил нуклеарните сили во подготвеност по зборовите на премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон за нов удар врз Русија. Кажа дека само еден проектил Сармат може да ја уништи цела Велика Британија.

„Едно лансирање, Борисе, и Англија повеќе ќе ја нема“, кажа водителот.

Британскиот премиер Борис Џонсон претходно изјави дека Украина ќе ја победи Русија. 

Тој најави дополнителна воена помош од 356 милиони евра за Украина, вклучувајќи опрема за електронско војување и противбатериски радарски систем, и истакна дека Британија ќе продолжи да ја снабдува Украина.

Русија на 24 февруари ја почна инвазијата на Украина, и се закани дека ќе се одмазди на сите кои ја поддржуваат Украина. 


Слично

Поврзани вести