Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Руски студент уби колега, рани тројца, и се самоуби

(ВИДЕО) Руски студент уби колега, рани тројца, и се самоуби

Студент во Русија уби едно, рани три лица, и се самоуби.

Најмалку еден човек загина, а тројца се ранети кога студент денеска пукал на колеџот во Благовешченск, на Далечниот Исток на Русија во регионот Амур, а потоа извршил самоубиство.

Еден од ранетите тинејџери е во критична состојба.

Ранети се три момчиња, на 17, 19 и 20 години.

Полицијата го забележала вооружениот напаѓач на вториот кат од зградата на колеџот, а тој пукал и во нив.

Извори на службата за вонредни ситуации претходно ѝ кажале на руската агенција дека напаѓачот почнал да пука откако му било кажано да ја напушти слушалната зашто доцнел на час.


Слично

Поврзани вести