Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Руски пропагандист тврди дека руските војници не треба да се плашат од смртта, ќе одат во рајот

(ВИДЕО) Руски пропагандист тврди дека руските војници не треба да се плашат од смртта, ќе одат во рајот

Рускиот пропагандист, Владимир Соловјов, во својата емисија на руската државна телевизија „Росија 1“  им порача на Русите да не се плашат од смртта нагласувајќи дека „животот е многу преценет“. Според него, смртта во секој случај е неизбежна.

Гостите го поддржаа неговото гледиште обвинувајќи ги своите сограѓани дека претходно живееле од ден на ден, а сега имаат „нематеријален сон, повисока цел“.

Вели дека „вреди да се живее само за нешто за што може да се умре“.

Кажа дека руските војници на линијата на фронтот во Украина имаат „многу јасно разбирање за што се борат“.

„Зошто да се плашиме од она што е неизбежно? Особено кога одиме во рајот. Смртта е крај на еден земен пат и почеток на друг. Но, не плашете се од неа и оставете да влијае на вашите одлуки…“, рече Соловјов.

Како што пишува „Украинска правда“, руската страна тврди дека се борат против сатаната во Украина. 


Поранешниот советник на рускиот претседател, Владимир Путин, Сергеј Марков на Телеграм напиша дека „загубите на украинската армија се неколку пати поголеми од загубите на Русите“. Тој обвини дека причина за тоа е „тоталитарното општество“ на Украина. 

Украина објави дека се најдени 25 логори во Харков, каде руските сили мачеле украински цивили. 

Слично

Поврзани вести