Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) РУСКИ ПРАТЕНИК: Црноморската флота денеска престана да постои како борбена единица

(ВИДЕО) РУСКИ ПРАТЕНИК: Црноморската флота денеска престана да постои како борбена единица

Русија претрпе разорен пораз на море,  изјави рускиот пратеник Евгениј Федоров.

Тој вели дека руската црноморска флота повеќе не постои.  Рускиот пратеник и член на ултрадесничарското Движење за национално ослободување (НОД), Федоров јавно ја призна загубата на руската Црноморска флота и повика на прифаќање на овој пораз за да се планира што понатаму.

„Денеска руската Црноморска флота престана да постои како борбена единица. Русија претрпе разорен пораз на море“, рече Федоров.

Објасни дека руската Црноморска флота сè уште физички постои, но таа е целосно уништена.

Тој  вели дека го предвидел поразот на Црноморската флота дури и додека Змискиот остров бил под руска контрола и додека се подготвувало амфибиското слетување во Одеса. Инаку, руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година. 

фото принтскрин


Слично

Поврзани вести