Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Руски новинар тврди дека 50 држави сатанисти се борат против Русија

(ВИДЕО) Руски новинар тврди дека 50 држави сатанисти се борат против Русија

Новинарот Владимир Соловјов кој важи за близок до Кремљ, во својата емисија на руската државна телевизија изјави дека Русија „немала друг избор“ освен да ја нападне Украина. Додава дека со овој потег, Русија  „спасила милиони животи“.

Соловјов објаснуваше дека ако Русија не извршеше инвазија, Украинците би влегле на Крим. 

„Тие би донеле смрт и уништување! На 24 февруари немавме друг избор. Спасивме милиони животи на нашите сонародници, оние кои ни веруваа“, заклучи тој.

Новинарот рече дека 50 држави се против Русија и дека ги обединува „сатанизмот“.  Според него, војната во Украина е света војна. 

„Што и да кажете, колку и да се трудите да најдете убави зборови, оваа бонбона има расипано полнење. Судбината на оваа земја зависи од вас. Ако не победиме, нема да исчезне Русија, туку целиот свет. Кому му е потребен светот ако во него нема Русија“, вели новинарот. 

Новинарот неодамна изјави дека животот е преценет и дека руските војници не требало да се плашат од смртта.

Руската новинарка Маргарита Симонјан лани во декември кажа дека Путин не е среќен поради она што се случува во Украина. 


Рускиот претседател Владимир Путин во февруари лани изјави дека неговата „специјална воена операција“ се обидува да ја „демилитаризира“ и „денализира“ Украина. Путин често ја нарекуваше украинската влада и нејзините вооружени сили неонацисти.

Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година во раните утрински часови. 


Слично

Поврзани вести