Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Руски новинар ненамерно ја откри локацијата на базата на елитниот центар за напредни беспилотни технологии „Рубикон“

(ВИДЕО) Руски новинар ненамерно ја откри локацијата на базата на елитниот центар за напредни беспилотни технологии „Рубикон“

Откриена е локацијата на базата на елитниот центар за напредни беспилотни технологии „Рубикон“, кој го користат  руските вооружени сили.

Во три видеа на руското Министерство за одбрана, вклучувајќи и едно видео објавено за годишнината од Рубикон, многумина ги забележаа карактеристичните детали на ентериерот – специфичноста на столбовите, знаците над тоалетите со англиски превод, штандовите со постери и пречките за вежбање на FPV дронови.

Снимките од базата ги објави тимот на пропагандистот Владимир Соловјов, а експертите, врз основа на детали во ентериерот кои на прв поглед изгледаат неважни, но не биле цензурирани, како што е знакот за тоалетот, заклучија дека станува збор за изложбениот комплекс „Патриот“ во близина на Москва, пренесува ,,Украински вести“.


Слично

Поврзани вести