ВИДЕО: Руски бомбардер се урна во Приморскиот крај
Руски бомбардер Су-25 се урна во Приморскиот крај, близу на брегот на Јапонското Море, во јужниот дел на рускиот Далечен Исток.
Пилотот успеал да се катапултира и не настрадал, јави ТАСС, повикувајќи се на официјални извори. Авионот се урна покрај аеродромот Черниговка. Првичните информации говорат дека можна причина за падот е откажување на работата на моторите. Министерството за одбрана прецизираше дека авионот, кој имал пробен лет, претрпел хаварија при обидот за слетување. Локалните власти прецизираа дека авионот паднал на територија на населено место во Черниговскиот регион, но не врз станбени згради.
Руското Министерство за одбрана соопштува дека при падот на авионот нема жртви и ранети.
[youtubevideo url='https://youtu.be/cCBrxC2S41I']
Слично
