Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Руската уредничка која велеше дека Украина ќе „падне“ за неколку часови или денови, сега е разочарана по падот на Лиман

(ВИДЕО) Руската уредничка која велеше дека Украина ќе „падне“ за неколку часови или денови, сега е разочарана по падот на Лиман

Уредничката на РТ Маргарита Симонјан поради руското повлекување од украинскиот град Лиман ги повика на одговорност генералите и самиот воен врв.

На оваа тема таа говореше во емисијата „Вечер со Владимир Соловјев" на руската државна телевизија. 

„Кукавичлук, намерно напуштање на стратешки позиции без координација со повисоката команда, команден колапс и колапс на контролата над војниците“, рече Симонјан, како што пренесува Дејли Бист.

Таа потоа даде некое објаснување за неуспесите на Русија.

„Оваа територија, три пати поголема од Белгија, е полна со секакви видови оружје и сила и моќ на целиот колективен Запад. Ако некој од војската не го разбира тоа, можеби треба да ги замениме тие луѓе“, додаде таа.

Инаку, уредничката на почетокот на инвазијата велеше дека Украина ќе биде готова за неколку часа или денови, а сега вели дека не знае кога ќе заврши војната. 

Инаку, Русија веќе нема целосна контрола во ниту еден од четирите региони кои ги анектираше. Украинците напредуваат, за што украинскиот претседател Володимир Зеленски ги пофали. 

Кремљ сè уште одредува кои делови од окупирана Украина ги припоила, рече портпаролот на Владимир Путин, сугерирајќи дека Русија не знае каде се нејзините самопрогласени меѓународни граници.

фото ЕПА


Слично

Поврзани вести