Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) РУСКАТА МЕЧКА И ТИГРИЦА ГО ИЗБРАА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА САД: Видете како гласаа!

(ВИДЕО) РУСКАТА МЕЧКА И ТИГРИЦА ГО ИЗБРАА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА САД: Видете како гласаа!

Жителите на Сибир се обидоа со помош на животните да ги прогнозираат американските претседателски избори.

Во Краснојарската зоолошка градина „Роеви потоци“ одлучија да ги предвидат изборите во САД со помош на тигрицата Јунона и мечката Феникс.


На животните им дале по две тикви со ликови од кандидатите за претседател на Америка - републиканецот Доналд Трамп и демократката Хилари Клинтон. Животните најпрво си играле со нив, добро ги излижале, а потоа одлучиле да ги изедат.

Победникот е одреден по принцип на првенство: на кој прво му пријде животното, тој кандидат ќе победи во претседателската трка. Во трката мечката прва се фати за Доналд Трамп, но неизвесноста и понатаму е голема, бидејќи тигриицата ја избрала Хилари.


Слично

Поврзани вести