Видео: Русите убија терорист на ИСИС во Дагестан
Руските вооружени сили изведоа акција по налог на Федералното биро за безбедност (ФСБ) во Дагестан за неутрализирање на осомничен терорист на ИСИС. Специјалците при влегувањето во куќата каде се наоѓал терористот добиле вооружен отпор.
По кратка борба терористот без поголеми проблеми за руските специјалци и жртви е убиен. Во куќата при претресот се пронајдени оружје и муниција, како и експлозиви, акумулирани најверојатно за извршување на крвав терористички напад на руско тло.
Ова е една од бројните успешни акции на ФСБ во детекција на прикриени ќелии на терористи на ИСИС кои чекаат само поволна шанса за да извршат масакри. Руските безбедносни служби се познати по тоа што преферираат да ги ликвидираат терористите на лице место во вооружена борба.
