Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВИДЕО:Русите со „ноќни ловци“ уништија цели на Исламска држава

ВИДЕО:Русите со „ноќни ловци“ уништија цели на Исламска држава

Руски хеликоптери Мил Ми 28Н нападнаа позиции и возила на терористичката група Исламска држава во Сирија.

Хеликоптерите, наречени „ноќен ловец" пукале во тајните позиции на исламистите. Рускиот вицепремиер, Дмитриј Рогозин оцени дека оваа работа е добро завршена од руските пилоти. Во меѓувреме продолжува отстранувањето на бомби и мини меѓу урнатините на Палмира, од каде џихадистите беа протерани на крајот на март.

Руските деминери користат робот наречен Уран-6. Тој е специјализиран за копање на места на кои е можно да има стапици и мини. Од почетокот на операциите на деминирање во Палмира, руските деминери расчистија околу четири километри патишта, при што се неутрализирани повеќе од 430 експлозивни направи.

Откако го зазедоа местото исламистите снимиле како уништуваат археологија стара повеќе од 2000 години.

  [youtubevideo url='http://youtu.be/sZEBKX1Evck']
Слично

Поврзани вести