Економија, финансии, бизнис

Контакт

(Видео) Русите снимиле како Турција соработува со терористи

(Видео) Русите снимиле како Турција соработува со терористи

Припадници на паравоената група Џабат ал нусра подигнале кампови во близина на границата со Турција и редовно добиваат помош од турската страна.

Ова за Раша тудеј го кажале припадници на милицијата на сириските Курди, кои веќе неколку недели се под жестоки напади од турските вооружени сили на северот на Сирија.

Екипа на руската телевизија снимила конвои на возила што поминуваат низ граничниот премин Баб ал Салам на турско-сириската граница, во предградието на сирискиот град Азаз.

Тој дел од градот го контролираат припадниците на Ал нусра, а неодамна турскиот премиер Ахмет Давутоглу рече дека Анкара ќе стори сè за да спречи Азаз да падне во рацете на сириските Курди.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/gMebffhjA9w[/embed] Но, борците на „YPG“ сведочат дека во логорот на терористите од Турција редовно стигнуваат пратки оружје. Исто така велат дека Нусра, бидејќи не учествува во примирјето ги тргнала своите знамиња и други воени обележја. Официјална Анкара тоа го демантираше, тврдејќи дека ги гранатира положбите на „YPG“ затоа што таа курдска група е блиска до Работничката партија на Курдистан, која Турција сака да ја уништи.  
Слично

Поврзани вести