(ВИДЕО) РУСИТЕ ПОНИЖЕНИ ВО СЕВЕРНА КОРЕЈА: Лавров и другите мораа да излезат од салата, направиле грешка
Руските министри беа избркани од салата за состаноци во Северна Кореја.
Шефот на дипломатијата, Сергеј Лавров и придружбата на рускиот претседател Владимир Путин кои беа со него за време на вчерашната посета на Северна Кореја беа понижени. Морале да ја напуштат просторијата за преговори затоа што влегле пред севернокорејскиот диктатор Ким Џонг Ун. Сето ова беше емитувано во живо на севернокорејската државна телевизија.
Додека седеле, нив им се обратил севернокорејски функционер и извикал: „Стоп“. Човекот им кажал дека протоколот мора да се почитува.
Русија и Северна Кореја вчера го потпишаа Договорот за сеопфатно стратешко партнерство.Северна Кореја и Русија ветија дека ќе си пружат итна воена помош во случај некој од нив да биде нападнат, се вели во текстот на историскиот договор што денеска го објави Пјонгјанг.
