Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) РУСИТЕ ПОЧНАА МАСОВНИ ВОЕНИ ВЕЖБИ БЛИЗУ ДО УКРАИНА: Што проверуваат?

(ВИДЕО) РУСИТЕ ПОЧНАА МАСОВНИ ВОЕНИ ВЕЖБИ БЛИЗУ ДО УКРАИНА: Што проверуваат?

Русија денеска покрена воени вежби во пограничните зони со Украина, на полусотровот Крим и на Кавказ, две недели после изненадната проверка на борбената готовност на вооружените сили на таа земја на истото подрачје.

Вежбите кои треба да траат до саботата, се наменети за проверка на борбената готовност околу 12 500 војници кои се наоѓаат на југот од Русија, соопшти Министерството за одбрана.

Путин нареди на 25 август изненадна проверка на борбената готвност на вооружените сили на Русија во неколку региони, вклучувајќи го и Крим и други делови на пограничната зона со Украина.

Руската армија ја зајакна активноста на целата територија на Русија од почетокот на кризата во односите со Западот поради украинската криза.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/DoIeIasndTI[/embed]  
Слично

Поврзани вести