(ВИДЕО) Русите објавија видео од предавањето на украинските војници во Мариупол
Руската телевизија објави видео за кое тврди дека го прикажува предавањето на украинските војници во украинскиот град Мариупол.
Се наведува дека тие доброволно го положија оружјето поради акциите преземени од руските сили и милицијата на Народна Република Доњецк. Предавањето како што пренесуваат се случи во близина на фабриката за метал Илич во Мариупол.
Станува збор за 1.026 украински маринци. Нови сателитски снимки укажуваат дека руските трупи се подготвуваат за веројатно одлучувачката битка на истокот на Украина. Педесет дена има војна во Украина.фото Принтскрин
Слично
