Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Русите ништат пунктови за оружје на ИСИС, цивилите помагаат

(ВИДЕО) Русите ништат пунктови за оружје на ИСИС, цивилите помагаат
Русите интензивно напаѓаат во Сирија. Во вчерашните напади руските воени авиони погодиле 49 објекти што се под контрола на Исламската Држава. Од почетокот на руската операција во оваа земја, со воздушни напади се уништени 380 објекти на Исламската држава. Според руското министерство, во нападите бил погоден и терористички камп што се користел за обука на борците. [embed width="700" height="450" ]https://www.youtube.com/watch?v=Toh7EKvo08s&feature=youtu.be[/embed]

„Недалеку од Салма, во провинцијата Латакија, бомбардерот Су-24М изврши напад врз зграда што беше користена за терористичка обука. Според разузнавачките информации, таму имало странски инструктори на ИСИС, кои обучувале луѓе, вклучувајќи и бомбаши-самоубијци, за герилско војување во областите ослободени од сириската армија“, изјави портпаролот на министерството, генерал-мајорот Игор Конашенков.

Објектот имал и сопствена работилница за изработка на експлозиви.

Генералот вели дека терористите се обидувале да ги разместат нивните објекти на повеќе локации, но тие успевале да ги детектираат и уништат.

Во тоа им помагало и цивилното население во областите под контрола на џихадистите, давајќи информации на сириската влада.

Слично

Поврзани вести