Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) РУСИТЕ НЕ САКААТ ЏАМИЈА ЗА 60.000 ЛУЃЕ ВО МОСКВА: Чеченците се заканија дека ќе дојдат по нив

(ВИДЕО) РУСИТЕ НЕ САКААТ ЏАМИЈА ЗА 60.000 ЛУЃЕ ВО МОСКВА: Чеченците се заканија дека ќе дојдат по нив

Граѓаните на Москва протестираа против изградба на џамија, a луѓето на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров им се заканија.

Жителите на Москва во неделата протестираа против изградбата на нова џамија која треба да прими до 60.000 верници, а на социјалните мрежи беше објавена видео порака во која борците на чеченскиот лидер ги критикуваат демонстрантите и ги повикуваат државните власти да дејствуваат. 

„Им се обраќаме на сите, вклучително и на немуслиманите, кои ја попречуваат изградбата на џамија во градот Москва во нашата заедничка Русија. Во моментов сме на линијата на фронтот и видовме видеа направени од различни немуслимани. Ги повикуваме властите на Руската Федерација да покренат кривични истраги против овие лица и да изречат пресуди“, ја започнаа пораката.

Чеченците рекоа дека не се закнуваат, туку само предупредуваат. 

„Ако сте против волјата на Семоќниот, ќе се бориме против вас. Не ни е грижа со кого се бориме. Ќе замижиме еднаш на ова за да ве натераме да размислите. Но, ако има уште едно вакво видео, ние дефинитивно доаѓаме по вас. Алаху Акбар“, велат Чеченците во пораката.

Инаку, Чеченците војуваат во Украина, а неколку од нив се товарат за извршени воени злосторства. Лани Чеченците рекоа дека одат во света војна во Украина. 


Слично

Поврзани вести