(ВИДЕО) Русите испукаа проектили врз целите на џихадистите кај Палмира
Русија ги напаѓа позициите на џихадистите во Сирија.
Руски воен разурнувач и подморница испукаа четири крстосувачки проектили од Средоземно Море врз цели на „Исламска држава“.
Мета биле воена опрема и населби под контрола на исламистите во близина на сирискиот град Палмира, објави руското Министерство за одбрана. Сите четири ракети успешно ги погодија целите.
Пред нападот со крстосувачките проектили, Русија се координирала со САД, Турција и Израел, стои во соопштението на руското министерство.
Слично
