Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Русите горди на новиот авион, можат и без западот

(ВИДЕО) Русите горди на новиот авион, можат и без западот

Русија го претстави новиот авион кој треба да ја оживее националната авио-индустрија и да ја намали зависноста на земјата од западните летала.

Авионот  MC-21, двомоторен патнички авион на краток и среден домет, е претставен во сибирскиот град Иркутску.

Го произвела компанијата Иркут, дел од државната Обединета авио-производна корпорација.

За разлика од старите советски летала, новиот авион е изграден од композитни материјали кои помагааат да се намали тежината и да се зголеми неговата комерцијална ефикасност. Во него ќе бидат вградени нови мотори на руското производство кои сега се прават. Првите испораки се очекуваат во 2018 година.

Рускиот национален авио-превозник Аерофлот и други руски авио-компании почнале се повеќе да се потпираат на Боинговите и Ербасови авиони, но владата како главен приоритет прогласила оживување на домашната авио-индустрија.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/MFAJmwV9Vws[/embed]
Слично

Поврзани вести