Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) РУСИТЕ ГАЃАА ПРОДАВНИЦА И КАФУЛЕ ВО УКРАИНА: Загинаа најмалку 49 луѓе, меѓу кои и шестгодишно дете

(ВИДЕО) РУСИТЕ ГАЃАА ПРОДАВНИЦА И КАФУЛЕ ВО УКРАИНА: Загинаа најмалку 49 луѓе, меѓу кои и шестгодишно дете

Русите сили извршија крвав напад во Украина. Најмалку 49 луѓе загинаа во руски ракетен напад врз продавница за храна во областа Харков, пренесе УНИАН, цитирајќи го шефот на регионалната воена администрација Олег Синегубов. Погодено е и кафуле. 

Тој изјави дека меѓу убиените во нападот, што се случи околу 13.15 часот  по локално време во селото Гроза, округот Купјан, има и шестгодишно момче. 

„Нападнати се продавница и кафуле“, изјави Синегубов.

Пред војната селото Гроза имало околу 500 жители. Непосредно пред тоа, украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека најмалку 47 лица се убиени во руски ракетен напад врз продавница во североисточниот регион Харков, објави украинската државна новинска агенција Укринформ.

Нападот се случи додека украинскиот претседател е во Гранада, Шпанија, на состанок на Европската политичка заедница.

„Демонстративно брутално руско злосторство – ракетен напад врз обична продавница за храна, целосно намерен терористички чин“, рече Зеленски. 

Тој разговарал со европските лидери, конкретно за зајакнување на воздушната одбрана на Украина. Руската инвазија на Украина почна лани на 24 февруари. Откако почна војната во Украина, во Дниро, Краматорск, Уман и други градови имаше напади каде загинаа голем број цивили. 

Фото: Телеграм


Слично

Поврзани вести