Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) РУСИТЕ БОМБАРДИРАЛЕ ШКОЛО ВО СИРИЈА: Загинати 12 деца!

(ВИДЕО) РУСИТЕ БОМБАРДИРАЛЕ ШКОЛО ВО СИРИЈА: Загинати 12 деца!

Дванаесет деца и нивниот учител загинале во руските воздушни напади над едно школо во сириската провинција Алепо, соопшти денеска Сириската опсерваторија за човекови права.

Во соопштението се наведува дека во нападот над школото во Анжару, град на северот на Сирија, исто така се повредени најмалку 20 луѓе, помеѓу кои има и деца, пренесуваат локалните медиуми.

rusia bomb skol in siria

Три деца загинале од ракета кои ја лансирале бунтовниците, противници на сирискиот председател Башар ал-Асад, во Ашрафиј, четврт град на северот на Алепо, кој е под владин надзор.

Опсерваторијата наведува дека во Алепо синоќа се одвивале жестоки борби помеѓу владините бунтовници и бунтовничките сили, како и интензивни воздушни напади.

Русија ги започна своите напади од воздух во Сирија кон крајот на септември, чии цели се „Исламска држава“ и други терористички организации, како што соопштиле официјални лица од Москва, но според податоците на опсерваторијата, третина од загинатите во тие напади се цивили.

Видео: АлЏезериа

Слично

Поврзани вести