(ВИДЕО) Русите бомбардирале родилиште - Зеленски тврди дека под урнатините има деца
Украина тврди дека Русија бомбардирала болница во градот Мариупол.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски на Фејсбук објави видео од родилиштето.
„Мариупол. Директен удар од руските сили во породилното одделение. Децата се под урнатини. Злосторства! Уште колку светот ќе биде соучесник и ќе го игнорира овој терор? Затворете го небото сега! Престанете да убивате! Имате моќ, но се чини дека го губите човечкото во вас“, рече Зеленски.
Засега не се знае точниот број на жртви.
„Породилното одделение во центарот на градот, детското одделение и терапевтското одделение во болницата – сите се уништени во руски воздушен напад врз Мариупол“, изјави во Фејсбук видео началникот на регионалната воена администрација, Павло Кириленко.Вели дека ранетите во нападот се евакуирани во најблиската болница.
Eкс украинската пратеничка Хана Хопко се расплака за време на интервјуто за американската телевизија „MSNBC“. За хуманитарната криза во украинските градови, особено во градот Мариупол, каде едно дете почина од дехидрација, Хопко плачеше и го повика Западот да реагира. Секој ден гинат цивили во Украина. Војната започна на 24 февруари.
фото Принтскрин
Слично
