Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) РУСИТЕ БЕГААТ ОД БЕЛГОРОД: Руските бунтовници напаѓаат во пограничните региони

(ВИДЕО) РУСИТЕ БЕГААТ ОД БЕЛГОРОД: Руските бунтовници напаѓаат во пограничните региони

Се засилуваат нападите на руските бунтовници на руска територија.  Повеќе од 7.600 цивилни возила денеска ги напуштиле регионите Белгород и Курск. Луѓето кои не се евакуираа, се повикани да останат во засолништата и во нивните домови во наредните денови додека продолжуваат ограничените воени операции на руските бунтовници.

Рускиот волонтерски корпус (РДК), Легијата за слобода на Русија (ЛСР) и Сибирскиот баталјон продолжуваат со нападите во руските погранични региони.

„Трупите на Путин немаат каде да се сокријат“,  објавија борците од Легијата за слобода на Русија на Телеграм.


Отворен е хуманитарен коридор за оние кои сакаат да ги напуштат своите места.

Бунтовниците најавија и дека по завршувањето на коридорот ќе продолжат да ги уништуваат воените објекти во Белгород и Курск „додека регионите целосно не се исчистат од војниците на Путин“.

Тие ги обвинија силите на рускиот претседател Владимир Путин дека користат „човечки штитови“, ставајќи ги во посебен ризик цивилите во овие погранични региони.

Руските режимски медиуми генерално, не известуваат за настаните во овие погранични региони, но ТАСС во четвртокот објави дека во Белгород е на сила предупредувањето поради можни ракетни напади и ги повика граѓаните да останат во засолништа.

Руските бунтовници се борат на страната на Украина. Тие тврдат дека сакаат да ја спасат Русија од крвавиот диктатор Путин и од сиромаштија. 

Во Русија се одржуваат претседателски избори. Во ракетниот напад на Русија врз Одеса загинаа 14 лица, меѓу кои и болничар и спасувач, кои дошле на помош по првата експлозија, пренесува Українська правда. Најмалку 46 лица се повредени, меѓу кои седум спасувачи.

фото твитер принтскрин


Слично

Поврзани вести