(ВИДЕО) Русите покажаа каде се и во каква состојба се борците од Азовстал
Русија објави снимка од болница со борците од Азовстал.
Министерството за одбрана објави снимка за која тврди дека покажува дел од ранетите украински војници што се евакуирани од фабриката за челик Азовстал во Мариупол во последните два дена. Еден од нив вели дека односот на Русите е нормален и дека тој не е изложен на физичко или психичко малтретирање.
Русија претходно објави дека вкупно 959 украински борци, вклучувајќи 80 ранети, се предале од понеделникот од бункерите и тунелите под фабриката за челик Азовстал во Мариупол. Руското Министерство за одбрана соопшти дека 694 украински борци се предале во изминатите 24 часа, вклучително и припадници на Азовскиот полк, од кои 29 ранети.
Фото: скриншот
Слично
