Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Русинка влече два трамваи со патници

(ВИДЕО) Русинка влече два трамваи со патници

Eдна од најсилните жени на Русија - Оксана Кошелова, повлече два 18-тонски трамваи со патници, соопшти Ројтерс.

Своите вештини таа ги демонстрира во родниот град Иркутск.

Снегот и ниските температури кои достигнаа до -20 степени, не ја спречија Русинката да ја демонстрира силата.

Пред да се започне со повлекувањето на трамваите Кошелова тренирала во период од 6 месеци.

Тоа беше првиот успешен обид на спортистката во зимски услови. Таа успеа да ги премести трамваите за 5 метри.

Во 2015 година таа повлече 17-тонски трамвај, а во 2014 година - камион „Камаз" со тежина од 16,5 тони. Слични зафати имаше и лани. 

Во најновиот обид на Оксана влегува влечењето 20-тонски патнички авион.


Слично

Поврзани вести