(ВИДЕО) РУСИНКА РАСКАЖА КАКО СЕ ЖИВЕЕ НА МИНУС 58: Mojaта јакна на ниска температура е како пластична кеса
Минус 58 степени Целзиусови се измерени во најстудениот град во светот Jaкутск во Сибир.
Градот вчера се разбудил на температура од неверојатни -58 степени Целзиусови. Метеоролозите предупредуваат дека субјективното чувство на студенило во Јакутск е поголемо поради влажноста и ветерот.
Целиот регион Саха, кој е оддалечен повеќе од 4.000 километри од главниот град Москва, се наоѓа во зоната на вечниот мраз.
„Секако дека е ладно. Го чувствувате тоа на лицето, веднаш замрзнува. Мојата јакна е обично мека, но кога ќе излезам на оваа ниска температура, станува како пластична кеса. Што се однесува до мобилниот телефон – кога излегов вчера батеријата беше на 90 проценти ја држев во раце. За 15,20 минути батеријата беше целосно испразнета“, изјави Данило Калинкин, турист од југот на Русија.
Но, има и луѓе кои се навикнати.
„Не, не ми е ладно, навикната сум на студеното време. Јас живеам на северот веќе 45 години“, вели Галина.
Регионот е познат по екстремно ниските температури. Дури луѓето на пазарот продаваат смрзната риба, а немаат фрижидер.
