Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Русија тврди дека Украинците гаѓале нивно село и дека има жртви

(ВИДЕО) Русија тврди дека Украинците гаѓале нивно село и дека има жртви

Москва тврди дека Украинците гаѓале места во Русија. 

Сe работи за регион кој граничи со северот на Украина, во близина на градот Чернигов.

„Денес украинските сили отворија оган на селото Климово. Со гранати беа оштетени две станбени згради, има жртви меѓу жителите“, напиша гувернерот Александар Богомаз на Телеграм.

Руската истрага наводно покажала дека украинските сили извеле најмалку шест напади, и додаваат дека се нападнати станбени објекти. Русите тврдат дека се повредени најмалку седум луѓе. 

Советникот во украинското министерство за внатрешни работи Антон Харченко објави на Телеграм дека нешто „паднало и се запалило“ во воениот објект во Бријанск во близина на границата. 

Русија на 24 февруари ја започна инвазијата на Украина, а според објавените податоци досега загинале 197 деца. 



foto EPA-EFE

Слично

Поврзани вести