Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) РУСИЈА СО РАКЕТИ ГО НАПАДНА КИЕВ: Германска министерка се криела во бункер

(ВИДЕО) РУСИЈА СО РАКЕТИ ГО НАПАДНА КИЕВ: Германска министерка се криела во бункер

Германската министерка за економија Катерина Рајхе мораше да се засолни во бункер за време на руските воздушни напади врз украинскиот главен град Киев во текот на ноќта, пренесува ДПА.

„Тоа беше вознемирувачко искуство, но за жал тажен дел од секојдневниот живот за Украинците. Оваа ноќ уште еднаш многу јасно ми покажа дека нападите на Русија имаат за цел да го исцрпат украинското население“, изјави Рајхе.

Рајхе пристигна во Украина вчера со економска делегација во посета што ќе трае неколку дена.

„Нападите врз енергетскиот систем на Украина, вклучително и капацитетите за снабдување со електрична енергија и греење пред почетокот на зимата претставуваат сериозна закана“, рече германската министерка за економија.

Таа вети дека Германија ќе помогне во обновата на уништената енергетска инфраструктура и „нема да го напушти украинскиот народ“.

Најмалку две лица беа убиени, а 12 повредени ноќеска во руски напад врз Киев.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски кажа дека ќе има и нови санкции за Русија.  Војната во Украина почна на 24 февруари во 2022 година. 

фото принтскрин


Слично

Поврзани вести