Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) РУСИЈА СО ДОКАЗИ: Како Ердоган и неговото семејство се богатат од ИСИС

(ВИДЕО) РУСИЈА СО ДОКАЗИ: Како Ердоган и неговото семејство се богатат од ИСИС

„Турција е главен играч во шверцот со нафта од териториите во Сирија и Ирак под контрола на Исламска држава. Според досегашните информации, рускиот политички врв, претседателот Реџеп Таип Ердоган и неговото семејство се вклучени во тој криминал” – ова го изјави денеска заменик министерот за одбрана на Русија, Анатолиј Антонов.

Заменик министерот изјави дека следната недела Русија ќе објави и докази како Турците шверцуваат нафта, која џихадистите ја црпат од областите кои ги имаат заземено.

„Можеби сум премногу груб, но контролата врз овој бизнис може да ја доверите само на најблиски соработници. На Запад никој не поставува прашања за фактот дека синот на турскиот претседател е на чело со една од најголемите енергетски компании во Турција, или дека неговиот син е назначен за министер за енергија. Извонреден семеен бизнис! Цинизмот на турското раководство не познава граници. Погледнете што прават. Тие отидоа во странска земја, ја ограбуваат без грижа на совеста“, изјави Антонов.

Началникот на Главната оперативна управа на Генералштабот на руските Вооружени сили, Сергеј Рудско изјави дека досега русите идентификувале три главни рути за транспорт на нафта.Тој вели дека на сателитските снимки се гледаат цистерни кои влегуваат во Турција.

„Само на 16 ноември беа снимени 260 цистерни со нафта пред турската граница. ИСИС од оваа трговија заработува 3 милиони дневно.” – вели Рудско.

Тој потенцира дека за да се уништи ИСИС мора да се прекини нивниот нелегален трговски ланец, со кој се обогатува терористичката организација.

Турскиот претседател пак, ги демантираше сите обвиненија. Ердоган неодамна изјави дека ќе поднесе оставка ако русите објават било каков доказ за негова вмешаност во нелегалната трговија со ИСИС.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/QxcAcKwaGQI[/embed]
Слично

Поврзани вести