Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) РУСИЈА РАСПИША ПОТЕРНИЦА ПО ЏАМАЛА: Ја бараат пејачката со кримско - татарско потекло затоа што ширела дезинформации за руската армија

(ВИДЕО) РУСИЈА РАСПИША ПОТЕРНИЦА ПО ЏАМАЛА: Ја бараат пејачката со кримско - татарско потекло затоа што ширела дезинформации за руската армија

Русија распиша потерница за евровизиската победничка од Украина, Џамала. 

Евровизиската победничка од 2016-та година, Џамала, Украинка со кримско-татарско потекло, е ставена на потерница од руското Министерство за внатрешни работи во октомври, пренесува „Politico“.
Сусана Џамаладинова, позната како Џамала, е обвинета дека ја дискредитира и шири дезинформации за руската армија, поради што потерницата по неа е издадена во отсуство во ноември, јавува „РИА“.
Поранешната украинска претставничка победи на Евровизија со песната „1944“, во која се зборува за депортација и етничко чистење на Кримските Татари кое се случило во Советскиот сојуз. 
Таа постојано ја критикува руската окупација на Крим, како и инвазијата на Украина. Русија пропишува строги закони за критикување на руската инвазија на Украина. Секој кој ќе упати критика за вооружените сили на Русија може да се соочи со сериозна затворска казна.  

Слично

Поврзани вести