(ВИДЕО) Русија ракетираше градинка, има загинати и повредени
Весникот „Киев индепендет“ објави дека руски проектили погодиле засолниште и градинка во североисточниот украински град Охтирка. Има загинати и повредени, а меѓу нив има и деца.
Шефот на украинската дипломатија на својот твитер-профил напиша дека руските напади врз засолништето и градинката се воени злосторства и кршење на Римскиот статут. Заедно со државниот обвинител собираме докази и сѐ ќе му предадеме на Хаг“, напиша Кулеба. И во текот на вечерашниот ден имаше загинати деца. Русија вчера ја започна инвазијата на Украина.
foto Printskrin
Слично
