Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Русија продлжува со напади врз „Исламска држава“ , уништени командни центри на џихадистите

(ВИДЕО) Русија продлжува со напади врз „Исламска држава“ , уништени командни центри на џихадистите

Комуникациите на терористите од „Исламска држава“ во северниот дел на Сирија се прекинати. Војската на претседателот Асад успешно ги нападнал борците на групата, најмногу жестоки борби се водат јужно од Алепо и во провинцијата Хама, јавува руската телевизија „Ѕвезда“.

Во ноќта на 22 наспроти 23 октомври биле уништени неколку командни центри на терористите, потоа екстремистите доживеале акутен недостаток на муниција. По точните погоди на руската авијација е уништен мостот преку реката Еуфрат,  кој е премин за снабдувањето на борците.

Засега терористите не се целосно лишени од снабдување. Според информациите на ирачкото разузнавање, борците добиваат по 50 милиони долари годишно од продажбата на нафта од Сирија и Ирак на црниот пазар.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/CUZ6_a9esXY[/embed]
Слично

Поврзани вести