(ВИДЕО) Русија подготвува зглемување на нападите против „Исламска држава“
Русија се подготвува да ги зголеми повеќекратно ударите од авион во Сирија до 300 на ден, објави весникот „Сандеј тајмс“, повикувајќи се на извор запознаен со руската активност во блискоисточната земја. Во моментов според зборовите на претседателот Владимир Путин ударите се околу 50 на ден.
Изградба на нова патека е дел од подготовките за зголемување на бројот на мисиите до 200-300, изјавил изворот, запознаен со текот на операцијата.
Русија распореди во Сирија, борбени авиони и борбени хеликоптери со кои има намера да се обиде да ги притисне бунтовниците во земјата. Руската воздушна флота во земјата вклучува бомбардери Су-24М и Су-34, како и борбени авиони Су-30см.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/tM_z832eYmU[/embed]Во воздушните напади веќе се вклучија и борбени хеликоптери Ми-24, кои до пред неколку дена се користеа само за стража од воздухот на базата во Латакија. Од мала висина тие ги поразуваат бункерите и засолништа на џихадистите, отворајќи пат за офанзива на сириските владини трупи преку непосредна огнена поддршка од воздух.
Изворите изјавиле за весникот дека целите биле избрани од Сиријците, а потоа биле потврдувани од летови на руски беспилотни авиони. Русите можеле да отфрлат некои од сириските барања за напади врз верски центри кои Дамаск ги смета за бази на бунтовниците. „Тие се особено загрижени за имиџот на руските воени акции таму“, дополнил изворот за весникот.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/djWlYm3rHz8[/embed]