(ВИДЕО) РУСИЈА ПАК УДРИ: Уништени 600 мети на исламистите за 4 дена!
Руските воени авиони извеле 157 борбени летови во текот на последните четири дена, уништувајќи 579 терористички мети, изјавил портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков.
Во текот на последните четири дена авиони на руски авио групи во Сирија извеле 157 летови гаѓајки 579 објекти на терористичката инфраструктура во провинциите Алепо, Деир ез-Зор, Хама, Рака и Латакија, рекол Конашеков.
Бомбардерите Су-34 извеле воздушни напади на жариштата на екстремистичката организација Исламска држава на високи точки во близина на Кабаклија, во провинцијата Латакија, рекол Конашенков.
Во нападите се уништени четири теренски возила СУВ во кои се наоѓале митралези од голем калибар и околу 20 вооружени припадници на ИС.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/T-82prBykh0[/embed] [embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/K4iCRnPBo18[/embed]