Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Русија објави како дошло до експлозија на мостот на Крим

(ВИДЕО) Русија објави како дошло до експлозија на мостот на Крим

Русија објави дека камион бомба експлодирал на мостот во Крим. 

Од експлозијата на камионот се урнале два патни делници од мостот.

„Камионот кој доаѓал од полуостровот Таман експлодирал денеска во 06.07 часот на патниот дел од Кримскиот мост, при што се запалиле резервоарите со гориво на возот што сообраќал во правец на Кримскиот Полуостров“, соопштија руските власти. 

Очевидци тврдат дека експлозијата се слушнала на километри. 

Советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Михајло Подољак објави дека ова е само почеток и дека ќе ги вратат украдените територии. 

Во 2014 година Русија го анектираше Крим. Деновиве Русија анкетираше уште четири украински региони, но украинските сили полека ја враќаат контролата во тие региони. За потсетување, руската инвазија на Украина почна на 24 февруари годинава. 


Слично

Поврзани вести