Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) РУСИЈА НАЈАВИ ОДМАЗДА: Расте бројот на жртви, во Белгород има најмалку 14 загинати

(ВИДЕО) РУСИЈА НАЈАВИ ОДМАЗДА: Расте бројот на жртви, во Белгород има најмалку 14 загинати

Откако Украина денеска изврши напади на руска територија, каде загинаа најмалку 14 луѓе, а над 100 се повредени, Русија се заканува со одмазда. 

Руското Министерство за одбрана вети одмазда за украинското гранатирање на Белгород. 

„Киевскиот режим, кој го изврши ова злосторство, се обидува да го оттргне вниманието од поразот на фронтот и сака да не испровоцира на слични акции. Нагласуваме дека руските вооружени сили целат само на воени објекти и инфраструктура директно поврзана со нив. Ќе продолжиме да го правиме тоа. Ова злосторство нема да остане неказнето“, додаде тој.

Во Белгород загинаа 12 возрасни и две деца. Уште 108 лица се повредени, меѓу кои 15 деца. Русија вчера нападна повеќе украински градови, каде загинаа 39 луѓе. Киев прогласи Ден на жалост.  Рускиот претседател Владимир Путин бил информиран за украинскиот напад врз Белгород, соопштија од Кремљ.


Слично

Поврзани вести