Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) РУСИЈА ИЗВРШИ НАПАД НА УКРАИНА: Погодени се кафулиња, ресторани и културни институции

(ВИДЕО) РУСИЈА ИЗВРШИ НАПАД НА УКРАИНА: Погодени се кафулиња, ресторани и културни институции

Русија изврши масовен напад на Украина. 

Според градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, Русија во текот на ноќта лансирала 90 ракети и 600 дронови, а нападот бил еден од најголемите оваа година. 

Сериозна штета претрпе историската населба Подил, позната по кафулињата, рестораните и културните институции.  

Ракетата паднала во близина на Националниот музеј „Чернобил“, а ударниот бран искршил прозорци и оштетил повеќе локали во околината.


Голема штета има и на трговскиот центар „Квадрат“ и пазарот „Лукјанивски“, кои беа зафатени од пожари по нападите. Украинските власти соопштија дека биле погодени и училишта, културни центри, филхармонијата и стадионот „Лобановски“. 

Претседателот на Украина Володимир Зеленски информираше дека бројот на жртви по нападот врз Киев кој се случи ноќеска, се искачил на 4 лица, а околу 100 луѓе се повредени низ целата земја.

Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари во 2022 година. 

Слично

Поврзани вести