Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Русија и Крим со огномет го прославија обединувањето

(ВИДЕО) Русија и Крим со огномет го прославија обединувањето
Во Москва и на Крим вечерва со огномети се слави приемот на досегашниот украински полуостров во Руската Федерација. За помалку од една недела по референдумот за отцепување на Крим, рускиот претседател Владимир Путин го потпиша законот со кој се завршува процесот на простапување на Крим и градот Севастопол во Руската Федерација. На улиците на Симферопол, Севастопол и Москва вечерва се одржуваат масовни прослави. Церемонијата на потпишување на законот се одржа во Кремљ. Со овој закон всушност се дополнува рускиот Устав за Крим и Севастопол да можат да бидат примени под суверенитетот на Русија. http://www.youtube.com/watch?v=zg7k6A3VK7Y
Слично

Поврзани вести