Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) РУСИЈА ГО ГАЃАШЕ ХАРКОВ: Украина нападна воздухопловна база длабоко во руска територија

(ВИДЕО) РУСИЈА ГО ГАЃАШЕ ХАРКОВ: Украина нападна воздухопловна база длабоко во руска територија

Украина нападна воздухопловна база длабоко во руска територија. 

Украинските беспилотни летала со кој управува воената разузнавачка агенција ГУР, рано утрово ја нападнаа воздухопловната база Енгелс, која се наоѓа длабоко во руска територија изјави за Ројтерс извор од украинските разузнавачки служби.

Гувернерот на регионот Саратов изјави дека украинските беспилотни летала се соборени во близина на Енгелс, но не даде информација за штета која можеби се има случено. 

Руската воздухопловната база Енгелс е исклучително важна во руската војна против Украина, бидејќи токму од неа редовно полетуваат руските бомбардери и другите авиони од кои Русија лансира крстосувачки ракети.

„Две лица загинаа, а уште две се ранети при украинско гранатирање со ракетни фрлачи (РСЗО) денеска врз градот Граиворон во руската област Белгород“, соопшти регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков.

Во руски напад врз осумкатница и фабрика во Харков загинаа три лица, соопшти украинската полиција. Се додава дека во нападот се повредени пет лица. 

Руската инвазија на Украина почна пред повеќе од две години. 


Слично

Поврзани вести