Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Русија ги засилува нападите врз ИСИС, над 600 џихадисти дизертираа

(ВИДЕО) Русија ги засилува нападите врз ИСИС, над 600 џихадисти дизертираа

Москва планира со поголем интензитет да ги продолжи нападите врз „Исламската држава" во Сирија, најави шефот на Генералштабот на вооружените сили на Русија генералот Андреј Картаполов.

Тој вели дека нивните воздушни напади, предизвикале паника во редовите на ИСИС, и се повеќе џихадисти ги напуштале областите што се под нивна контрола.

„Околу 600 платеници ги напуштиле своите позиции и се обидуваат да стигнат во Европа“, рече Картаполов.

Тој вели дека Русија во неколку дена успеала да ја оштети материјално Исламската држава, затоа што главна цел на нападити им се материјално-техничките ресурси на терорист

Русите успеале да уништат командни пунктови на ИСИС, магацини за складирање муниција и експлозиви, комуникациски центри, кампови за обука, како и „минифабрики за правење оружје за бомбашите-самоубијци“ на оваа терористичка група.

“Не само што ќе продолжиме ударите на нашата авијациј, туку и ќе го зголемиме нивниот интензитет”, вели генералот Картаполов.

[embed width="700" height="450" ]https://www.youtube.com/watch?v=EpYJgEmSQok[/embed]
Слично

Поврзани вести