(ВИДЕО) Русија ги „решета“ џихадистите, уништени 53 жаришта!
Руски авиони во изминатите 24 часа гаѓале 63 цели на Исламската држава во провинциите Хама, Латакија, Идлиб и Така и при таа прилика се уништени 53 жаришта на исламистите, соопштило Министерството за одбрана на Русија, пренесува „Раша тудеј“.
Руската авијација уништила 53 жаришта на џихадистите, еден команден центар, четири кампа за обука и повеќе складишта, навел портпаролот на Министерството за одбрана на Русија Игор Конашенков.
Руски авиони Су-24 го уништиле седиштето на ИД во Салми, која ги координира терористичките акции во Латакија, додека авионите Су -25 го уништиле кампот за обука во Идилиб.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/eCn39x2Le9I[/embed]Руските воздухопловни сили ја погодиле и батеријата на џихадистите која се состои од шест возила опремени со минофрлачи во Латакија. Конашенков додал дека разузнавачките податоци покажуваат дека расте паниката меѓу милитантите.
Русија го пресретна повикот на милитантите, кои барале појачување од Рака, како и оружје и муниција кои се уништени во руски воздушни напади.
Напредок во разговорите на Пентагон и Русија постои и е можен договор за сигурност при летови во текот на бомбардирањето во Сирија.
Конашенков рекол дека двете страни ги претставиле своите предлози и дека разговорот бил конструктивен и професионален.
