Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) РИЗИЧНА АКЦИЈА: Војската во Нов Зеланд мора да ги извлече телата на настраданите во ерупцијата

(ВИДЕО) РИЗИЧНА АКЦИЈА: Војската во Нов Зеланд мора да ги извлече телата на настраданите во ерупцијата

Војската во Нов Зеланд, почна ризична операција на островот Вајт за да ги извлече телата на осумте загинати во ерупцијата на вулканот неделава. 

Постои голема опасност, но властите трпат голем притисок од семејствата на жртвите да ги донесат телата на жртвите што е можно поскоро. Полицијата одби да учествува во акцијата поради ризик по безбедноста. 

Шест тела се видливи, а можностите да се најдат другите две се многу ограничени, рече заменик-началникот на полицијата Мајк Климент.

Вулканот на островот Вајт е еден од најактивните вулкани на Нов Зеланд и е позната туристичка дестинација. Агенцијата за геолошки науки соопшти дека шансите за ерупција во идните 24 часа е од 50 до 60 отсто.


Слично

Поврзани вести