(ВИДЕО) РЕСТОРАН НА ОТВОРЕНО: Вака изгледа една од европските престолнини
Eдна престолнина во Европа е претворена во ресторан на отворено.
Станува збор за главниот град на Литавнија, Вилнус. Властите им дозволиле на угостителите да постават маси по јавна површина без да бидат казнети, а се за граѓаните да бидат задоволни, а социјалното дистанцирање меѓу нив задоволено, пренесува 24sata.hr.
Продавниците, фризерниците, салоните за разубавување, библиотеките, музеите и кафулињата завчера беа отворени ширум земјата. Во државата се регистрирани 44 смртни случаи и 1.344 случаи на позитивни на Ковид 19.
На кафулињата им е дозволено да примаат гости само на терасите со строги дистанци од најмалку два метри.
Планот да се даде поголем простор на угостителските бизниси, наводно, е поздравен како „спасувачки“.
Повеќето европски земји ги олабавуваат мерките.
Она што е интересно е што Универзитет од Сингапур направи извештај со податоци за тоа во која земја кога ќе заврши епидемијата и вирусот ќе го снема.
Слично
