(ВИДЕО) РЕШЕНИ ДА СЕ ОДМАЗДАТ: Франција разнесе магацин на „Исламска држава“!
Француското Министерство за одбрана соопшти дека при воздушни напади е уништено складиште за муниција на „Исламската држава“ во Тал Афар, провинција Ниневија во северен Ирак.
Целта на операцијата била и да се ослабне контролата на „Исламска држава“ на патот кој го поврзува градот Мосул во Ирак со Сирија.
Министерството шири и снимки од полетувањето на француски авион „Мираж“ од базата во Јордан, без да ги покажува самите воздушни напади.
Слично
